Златната гајда од Долнени. "Пеце Атанасовски" 14/12/2019

Makedonija Македонија
Makedonija Македонија
3.7 هزار بار بازدید - 5 سال پیش - Пеце Атанасовски е роден на
Пеце Атанасовски е роден на 25 октомври 1925 во селото Долнени, Прилепско. Неговите први музички ангажмани започнале со националната радио станица. Тој бил професионално ангажиран во Радио Скопје од 1946 година и во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец" од Скопје, почнувајќи од 1950 година. Починал на 14 септември 1996 година, во Скопје.
Пеце Атанасовски е една од клучните личности во македонскиот фолклор по Втората светска војна. Од 1959 година до пензионирањето, тој бил раководител на Оркестарот од народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет културно-уметнички друштва во Македонија. Од 1966 година, во текот на следните 29 години, ја раководел Фолклорната школа за странци во Отешево. Во 1973 година го основал и бил директор на Долненскиот фестивал, кој по неговата смрт бил именуван како Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски". Со своите гостувања со разни културно-уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на македонскиот мелос. Атанасовски бил носител на 19 меѓународни награди на светските фестивали во Ланголен (Англија), во Брно итн.
-Во конкуренција на 1 800 гајдаџии од целиот свет, тој го освоил првото место и наградата „Златна гајда" на фестивалот во Ериче, Италија во 1968 година. Како светски признат народен инструменталист, држел часови на разни универзитети во светот, од Лос Анџелес до Токио. Во текот на својата кариера, Атанасовски собрал импозантна фолклорна збирка од околу 20 000 народни песни и ора. Атанасовски компонирал и новосоздадени фолклорни песни.
5 سال پیش در تاریخ 1398/09/23 منتشر شده است.
3,713 بـار بازدید شده
... بیشتر