Преспа - жедното езеро

Aleksandar Metodijev
Aleksandar Metodijev
4.3 هزار بار بازدید - 11 ماه پیش - Преспанското Езеро, кое се смета
Преспанското Езеро, кое се смета за постаро од официјално најстарото езеро во Европа, Охридското Езеро, географски е позиционирано повисоко од него и го снабдува со вода. Според бројни научници и НАСА, околу 20 отсто од вкупниот волумен на Охридското Езеро доаѓа од преспанската вода. Во текот на својата историја, езерото имало периоди на драстично губење и враќање на водата, што го прави циклично езеро. И покрај тоа, многу антропогени фактори доведоа до катастрофалната состојба во која се наоѓа езерото. Езерото изгуби 7 отсто од својата површина и 53 милиони кубни метри вода. Тоа е дел од Јужна Европа, која е особено ранлива на климатските промени, и нема светла иднина. Проблемите се исклучително видливи во Мала Преспа во Албанија и во Стење од македонска страна. Во езерото има еутрофикација, што е процес на зголемена биолошка продуктивност поради присуството на големо количество хемиски материи, како фосфор или азот, кои завршуваат во него од вештачките ѓубрива, што се користат во земјоделството. 1995 година беше првата година кога беше забележана појава на анаеробност во езерото. Нема побрз прекуграничен ангажман, континуирани биохемиски истражувања и нема истражувања за одливот на вода. Новинарите Александар Методијев, Сузана Мицева, Елона Елези и Есмералда Топи, поддржани од ‪@journalismfundeurope‬, на македонската, грчката и албанската страна бараше можни решенија за овој проблем.

#CBLocal #crossborder #journalism
11 ماه پیش در تاریخ 1402/06/11 منتشر شده است.
4,310 بـار بازدید شده
... بیشتر