Македонски народни приказни - Маминото галениче - 1988

Goran Markovski
Goran Markovski
100.8 هزار بار بازدید - 5 سال پیش - Сите пораснавме со нив. Со
Сите пораснавме со нив. Со безвремените визуелни дела и вредности на образовната програма на тогашната Телевизија Скопје, а подоцна Македонска телевизија ширум Македонија пораснаа и се задојуваа безброј Македонски генерации, Македонци, Турци, Албанци, Бошњаци, Власи, Роми и останати националности...
Вредностите кои ги нудеше државната телевизија на Македонија во тоа време беа општо прифатени од сите националности и возрасти.
Овие визуелни дела сосебе носеа непроценлива вредност, морал и мудрост отсликани во еден историски период од нашето минато, а создавани на еден едноставен начин да бидат топли, блиски и прифатливи за секој човек.
Народното творештво во кое се вбројуваат народните мудрости, шеги, гатанки и судбини...изразени преку незаменливите Македонските народни приказни!
Ви ја претставуваме приказната - Маминото галениче, снимена во далечната 1988 година во режија на Миле Гроздановски. Типично и интересно за овие приказни од овој период е тоа што најавната шпица со артистите кои учествуваат во епизодата одеше во најдолниот дел од кадарот, а одвивањето на дејствието во приказната е пропратено со постојана музика на македонскиот мелос.
Интересно е да се каже дека приказните од оваа година се едни од најинтересните и најфилмските од продукциски аспект, а најслабо се зачувани од нивната матична куќа.
Благодарение на младиот глумец Горан Ников која ни ја одвои оваа приказна од неговата богата архива во која зачувал многу приказни од овој период.
5 سال پیش در تاریخ 1398/07/14 منتشر شده است.
100,870 بـار بازدید شده
... بیشتر