Polneti kebapi | Hrana i Vino MKD

Hrana i Vino MKD
Hrana i Vino MKD
2.4 هزار بار بازدید - 7 سال پیش - ПОЛНЕТИ ЌЕБАПИза 4 лица 500
ПОЛНЕТИ ЌЕБАПИ

за 4 лица

500 г мелено месо
200 г свежи шампињони
100 г кромид
100 мл млеко
1 земичка
1 јајце
магдонос
2 варени, лупени јајца
150 г брашно
1 лажица мешан зачин К+
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 50 – тина минути.

Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако течноста ќе испари и шампињоните ќе се испржат ја тргаме тавата од оган. На крупната страна од рендето во тавата ги рендаме варените јајца и го промешуваме филот со лажица.
Земичката ја кинеме на парчиња, ја ставаме во длабок сад и ја преливаме со млекото. Од омекнатата земичка со раце го истиснуваме млекото. Ја додаваме исцедената земичка во садот со меленото месо. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во садот. Јајцето го кршиме, па и него го додаваме во садот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме мешаниот зачин К+. Ја месиме смесата со рака додека не се соедини.
На даска за сечкање, намрсена со масло ставаме од смесата од мелено месо и ја расплескуваме со рака. Врз смесата нанесуваме од подготвениот фил. Ги свиткуваме краевите на смесата кон средината, го формираме ќебапот и го ставаме на чинија. На истиот начин ги подготвуваме сите ќебапи и ги редиме на чинија. Потоа ги  набрашнуваме и ги пржиме на поголема количина загреано масло во тава на оган. Испржените ќебапи ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартија. Ги сечеме ќебапите на половина.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со еден лист марула и  скалесто ги сервираме половинките Полнети ќебапи. Дополнуваме со  претходно подготвено пире од компири и го шариме со лажица. Декорираме со три кришки домат врз листот марула.  

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
@hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: Facebook: hranaivino
7 سال پیش در تاریخ 1396/04/21 منتشر شده است.
2,444 بـار بازدید شده
... بیشتر